Новиот 408 купе кросовер на Пежо треба да ги искорени здодевните семејни автомобили (ФОТО+ВИДЕО)

Пежо го претстави новиот 408, кој за разлика од досегашната лимузина сега припаѓа на сè попопуларната класа купе кросовер. Официјално се води како „фастбек“, а Пежо со дизајнот го следи неконвенционалниот изглед на ситроен Ц5 Х.

 

Новиот модел ја користи најновата верзија на ЕМП2 платформата на Стелантис, која веќе ја имаат моделите 308 хечбек и карван, но Пежо истакнува дека ова е пософистициран производ „сместен во самиот врв на Ц-сегментот“.

Со должина од 4.687 милиметри, новиот модел со лавот на „носот“ е нешто подолг од 308 карван. Ширината на возилото е 1.869 милиметри, висината 1.478 милиметри, додека меѓуоскиното растојание е 2.787 милиметри.

Багажникот има зафатнина од 536 литри кои може да пораснат до 1.611 со преклопување на задните седишта.

Поради својот поспортски профил, пежо 408 не може да ѝ парира на практичноста која ја нуди 308 карван, но тие што ќе се решат за овој модел ќе мора да жртвуваат дел од багажниот капацитет за стилот кој го добиваат.

Ентериерот е во голема мера пренесен од 308-ката. Тоа воопшто не е лоши бидејќи внатрешноста на кабината изгледа како да е преземена од концепт или од некој луксузен автомобил.

Пежо на почетокот ќе го продава новиот 408 во две плагин хибридни варијанти. Двете верзии се со погон на предните тркала, опремени со осумбрзински автоматски менувач и електромотор кој дава 109 коњски сили.

Она по што меѓусебно се разликуваат е силата на 1,6-литарскиот бензинец со тубополнач, а моторот е достапен со 150 и 180 коњски сили.

Со комбинирана сила на моторите со внатрешно согорување и на струја послабата верзија дава 180 коњски сили, а посилната 225.

Пежо не планира да го нуди 408 со дизел мотор, но затоа се најавува чисто електрична верзија.

Се очекува Пежо да почне да го продава 408 во европските салони на почетокот на 2023 година.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе