Каруау

Новата „тројка“ на БМВ се соочи со своите најлути ривали (ВИДЕО)

Доколку не сте имале шанса да ја провозите новата серија 3 на БМВ, тогаш најверојатно не знаете колку сестран автомобил е, но доколку некогаш сте возеле која било „тројка“ тогаш имате добра претстава.

Сегментот на премиум спортски седани е еден од најкомпетитивните во индустријата и автомобилите како ауди А4 или мерцедес Ц-класа никогаш нема да се предадат без добра битка, па дури и кога им се познаваат годините.

И тука лежи главниот проблем во оваа споредба направена од Каруау. Автомобилите кои ѝ се спротивставуваат на новата БМВ серија 3 се или стари или едноставно застарени, со исклучок на волво С60 кој е модел од новата генерација.

Во видеото кое трае речиси половина час, може да дознаете како автомобилите се споредуваат визуелно, технолошки, во однос на квалитетот, комфорот, перформансите и, секако, вредноста.

Бидејќи е најновиот автомобил тука, не е чудо што БМВ лесно се носи со речиси секој тест, почнувајќи од квалитетот на внатрешноста, ергономијата и технологијата. Баварската компанија очигледно погоди во центарот на метата со најновата итерација на ултрапопуларниот спортски седан.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе