Први фотографии

Новата „тројка“ на БМВ изгледа спремна за големи нешта (ФОТО+ВИДЕО)

Дами и господа, ова е новата серија 3 на БМВ (интерно позната како Г20) во сиот свој сјај, а фотографиите се објавени благодарение на „протечениот“ конфигуратор на интернет.

 

Првично објавени на БМВ форум, фотографиите покажуваат неколку верзии од понудата на серија 3, вклучувајќи го и врвот на гамата 340и, М спорт пакет, спорт лајн, како и повеќе конфигурации на ентериерот.

Првиот впечаток е дека новата генерација е поскладна од претходната, но и поагресивна. Голема улога во тоа има предниот дел со новиот дизајн на светлата и поострите линии на браникот. Новите фарови се прилично различни од тие на претходниот модел и помагаат автомобилот да изгледа поширок.

Гледано од страна, поголемото меѓуоскино растојание е очигледно, а резултатот е и поелегантен профил. Моделите 340и и М спорт пакет имаат најагресивни аеродинамични додатоци, со големи странични отвори на предните браници и набори кои „течат“ од фаровите. Се истакнува и задниот браник со два кружни отвори на издувот (330и М спорт пакет) или трапезоидни издуви (340и) на секоја страна.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе