Новата тојота супра против порше кајман ГТС, ауди ТТ РС и алпина А110 (ВИДЕО)

Со исклучително добрата понуда во овој автомобилски сегмент, најдоброто време за купување спортски автомобил е токму сега – а ѕвезди на видеото се четири од најдобрите модели кои индустријата ги нуди.

Прво го имаме порше кајман ГТС. Погонуван е од 2,5-литарски боксер мотор со турбина и 365 коњски сили на задните тркала. Кајманот долго време беше најдобриот спортски модел што можеше да се купи, но како што може да се види од тестот, сега има прилично силна конкуренција.

Следен е најновиот ауди ТТ РС ростер. Има 2,5-литарски четирицилиндерски тубомотор со 394 коњски сили во комбинација со еден од најнапредните погони на сите четири тркала кој би требало да биде голема предност во трката во права линија.

Следните два конкуренти се сосема новата тојота супра и алпина А110 „наштелувана“ од тјунерот Личфилд. 3,0-литарскиот „шестак“ со турбина има 335 коњски сили и, нормално, погон на задните тркала, исто како алпината која има мал 1,8-литарски мотор, кој, благодарение на магијата на Личфилд, има 300 коњски сили и тежи значително помалку од другите.

Може да се дебатира дали е фер да се споредува тјунирана алпина против фабричките ривали, но не дека е премногу изменета – надградбата од фабричката верзија чини малку повеќе од 1.000 евра.

Откријте кој е победникот, и подгответе се да бидете изненадени...

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе