Враќање на легендата

Новата тојота супра го покажа „лицето“ (ФОТО)

Ова најверојатно не е начинот на кој Тојота планираше да ја видите новата супра за првпат, но тоа е тоа.

Момците од форумот СупраМКВ успеале да дојдат до најчистата фотографија досега од долгочекуваната нова генерација на јапонскиот спортски автомобил.

Автомобилот може да се види при истоварување од транспортен камион. Предниот дел на новата супра е инспириран од болидите на Ф1, но Тојота сепак останала доследна на дизајнот на оригиналот.

Официјалното деби на новиот автомобил е закажано за автомобилскиот саем во Детроит кој почнува за еден месец.

 

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе