Контроверзна предна маска

Новата „седумка“ на БМВ пристигна со најголеми „бубрези“ досега (ФОТО+ВИДЕО)

БМВ во средата ја претстави редизајнираната серија 7, која се истакнува пред сѐ со масивната предна маска, на која карактеристични „бубрези“ се дури 40 отсто поголеми отколку кај претходната генерација.

 

Има и нови светла на предниот и задниот дел, а „седумката“ како и досега ќе се нуди во две верзии – со нормално и продолжено меѓуоскино растојание.

И двете се подолги за 22 милиметри од автомобилите што ги заменуваат, додека ширината и висината остануваат исто. Адаптивната амортизација е стандарден дел од опремата на сите модели, додека со доплата купувачите ќе добијат и систем за управување со задните тркала.

Најголемата баварска лимузина го доби и новиот 4,4-литарски V8 од серија 8 со 530 коњски сили и 750 њутнметри вртежен момент, а тука е и плагин хибридот 745е кој комбинира шестцилиндерски бензинец и електромотор за вкупна сила од 394 коњски сили и 600 њутнметри со радиус на движење само на струја меѓу 54 и 58 километри.

Врвот на понудата и понатаму ќе биде моделот погонуван од 6,6-литарскиот V12 со 585 коњски сили и вртежен момент од 850 њутнметри, со кој „седумката“ забрзува до 100 км/ч за помалку од 4 секунди со максимална брзина од 305 км/ч која не е електронски ограничена.

За љубителите на дизелашите тука е 3,0-литарскиот шестцилиндерски мотор со 265 коњски сили и 620 њутнметри, како и битурбо верзијата на истиот мотор со 320 коњски сили и 60 њутнметри повеќе, но и верзија со четири турбини која дава 400 коњски сили и 768 њутнметри.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе