Новата С-класа на Мерцедес – новиот крал на луксузот (ФОТО+ВИДЕО)

По неколку недели чекање Мерцедес-бенц конечно целосно ја откри новата С-класа.

 

Кралот на луксузната класа така доби ново „одело“, најнова технологија и бројни иновации и пристигнува по неколку недели најави и тизери и разоткривање дел по дел.

На предниот дел сега има нови дигитални светла со веќе славниот светлосен потпис, а ги поврзува голема маска во која се вградени цела низа сензори и радари.

Од страна се гледаат „скриените“ кваки, додека задниот дел доживеа радикални промени во однос на претходникот – задните светла сега се хоризонтални и личат на веќе претставената Е-класа во освеженото издание.

Внатрешноста е веќе главно позната, бидејќи Мерцедес ја покажа пред неколку недели, а се издвојува големиот екран на кој се наоѓаат апсолутно сите функции на инфотејментот.

Внатрешноста на автомобилот е дигитализирана и „вештачки интелигентна“ бидејќи хардверот и софтверот добија одредени унапредувања, односно јасни слики на до пет големи екрани со ОЛЕД технологија, кои треба да ја олеснат контролата на возилото и да ја зголемат удобноста.

Маневрирањето на оваа 5,32 метри долга лимузина ќе биде дополнително олеснето благодарение на вртењето на задните тркала, па така тие при брзини до 60 км/ч се вртат во спротивен правец од предните, со што С-класата станува управлива како компактен модел.

Безбедноста е на највисоко можно ниво, а амртизацијата дури може да ја крене каросеријата на автомобилот непосредно пред удар од друго возило.

За оваа функција се користат низа процесори, камери и сензори за автомобилот да се прилагоди на патот по кој се вози и со тоа удобноста на сите патници да се доведе до апсолутен максимум.

Што се однесува до моторите, на почетокот се нудат С450 4матик со 435 коњски сили, С350д 4матик со 286 коњски сили и С400д со 330 коњски сили.

На премиерата беше најавена и плагин хибридна верзија со радиус од дури 100 километри на струја. Наскоро може да се очекуваат и други верзии, вклучувајќи и целосно електрична верзија е-кју-ес која може да помине 700 километри со едно полнење на батериите.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе