Генијално

Новата реклама за хонда сивик е целосно направена дома и е брилијантно едноставна (ВИДЕО)

Во момент кога голем број земји во светот се под строг карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот, погодени се голем број професии, вклучувајќи ги и маркетинг агенции кои ги прават рекламите.

Иако лесното решение би било да се причека нештата да се вратат во нормала, агенцијата Мемек Оглви неодамна била ангажирана да сними реклама за новиот ходна сивик седан на прилично невообичаен начин.

Рекламата почнува како и секоја друга автомобилска реклама со прекрасни сцени од автомобилот, во овој случај син сивик. Во исто време на екранот се појавува текст кој вели „Ова можеби е првата автомобилска реклама која е напишана, снимена, режирана, уредена и гледана целосно од дома“. Потоа станува јасно дека станува збор за автомобил играчка кога се спушта раката за да ја затвори возачката врата.

Видеото завршува со пораката „Додека да возиме повторно. Останете дома“.

Ова е уникатен и креативен начин за промоција на хонда сицик во овие вонредни времиња и покажува дека размислувањето надвор од стандарните рамки овозможува снимање, уредување и продуцирање автомобилски реклами без да се користи вистински автомобил. Кој би помислил?

Автомобилчето било позајмено од дете и било влечено по подот со јадица и рибарски конец за рекламата. Дури било снимено движење на автомобилчето под кауч за да се имитира возење низ тунел а биле користени книги за илузијата на згради.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе