„Ѕверот“

Новата претседателска лимузина на Трамп забележана на улиците на Њујорк (ФОТО+ВИДЕО)

Новата лимузина на американскиот претседател Доналд Трамп официјално влезе во служба, бидејќи беше забележана на њујоршките улици минатиот викенд.

Со малку помодерен изглед од својот претходник, новата американска претседателска лимузина личи на издолжена верзија на кадилак ЦТ6. Меѓутоа, има многу разлики бидејќи „Ѕверот“, како што автомобилот е познат кај Американците, има уникатна предна решетка и потрадиционални предни светла. Автомобилот исто така има сосема поинаква платформа и е поприлично оклопен.

Многу малку се знае за лимузината, но американските медиуми јавија дека според владиниот договор со Џенерал моторс треба да бидат изработени 12 лимузини за 15,8 милиони долари (13,4 милиони евра). Најмалку две беа забележани викендов во Њујорк.

Тајната служба сите детали ги држи во тајност, но има извештаи дека автомобилот всушност има платформа од пикап и дека тежи меѓу 6.800 и 9.000 килограми). Се шпекулира и дека во автомобилот има место за седење за седум лица а задниот дел од автомобилот има доволно место за претседателот и четворица советници.

Новата лимузина го заменува претходниот „Ѕвер“ кој беше во служба од 2009 година. Новиот модел најверојатно има посовремена технологија.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе