Премиера

Новата опел астра пристигна во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во петокот,  24.6.2022, во салонот на Опел Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на најновиот модел во понудата на опел – новата опел астра.

 

Новата опел астра успеа да предизвика реакции и бројни коментари уште при светската премиера, а новата генерација е радикално различна во однос на претходната, во најмала рака.

Големата промена на надворешниот дизајн почнува со храброто „лице“, кое е слично на новите модели на Опел по влегувањето во Стелантис групацијата. Целиот дизајн дава впечаток на далеку поцврст и помоќен автомобил од она на што досега бевме навикнати од Опел.

На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост.

Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на салонот на импортерот, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на новата опел астра.

„Сосема новата астра зборува сама за себе. Дизајнирана, развиена и произведена во Германија. Новата астра изгледа сега подобро (можеби и одлично).со чист и смел дизајн, со интересен детаљ од својот славен предок опел кадет Д“, кажа продукт менаџерот за Опел - Драган Јовев во својата презентација.

Тој потоа ги истакна сите предности на новиот модел од Раселхајм:

 -            Со новата астра се гледа подобро на пат со подобреното интелилукс ЛЕД пиксел предно осветлување составено од 84 модули во само еден преден фар....дури 4 пати повеќе од ривалите.

-            Во новата астра се дише подобро со интелиер системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер дури и против вируси.

-            Во новата астра, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10-инчни дисплеи: „пјур панел“ или целосно застаклениот „пјур панел про“.

-            Во новата астра се седи подобро со АГР предните седишта (нагодување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, стандард од второто нагоре)... масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта.

-            Во новата астра се вози дефинитивно подобро на третата еволуција на ЕМП2 В3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Стелантис групацијата: турбо бензински 1.2 110 коњски сили и 1.2 130 коњски сили, вториот покрај 6-брзински мануелен во комбинација и со 8-брзински автоматски менувач, и дизел 1.5 со 130 коњски сили и АТ8. Денес,  дополнително со плагин хибридна технологија и вкупна хибридна моќност од 180коњски сили или 225 коњски сили ....а идната 2023 година целосно електрична.

Цената на новата опел астра почнува од 21.700 евра.

„Дизајнирана со прецизност и произведена во Германија новата астра ви дава гаранција дека ќе го добиете само најдоброто.

Нема потреба од компромиси за да добиете секојдневно возбудливо возење, стилски изглед, ниски трошоци и иновативна технологија“, порачуваат од Еуроимпекс. 

Повеќе информации за моделот може да најдете тука, и на страниците на дилерите.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе