Под хаубата се наоѓа 2,0-литарскиот ТСИ четирицилиндерски мотор со 245 коњски сили, а целата сила оди на предните тркала преку седумбрзинскиот ДСГ автоматски менувач. Поради сето ова, на новата октавија РС ѝ требаат 6,7 секунди од 0 до 100 км/ч.
Полициската конверзија уште вклучува моќни ЛЕД сигнални светла однапред и одзади, како и полициска сирена .
Шкода соопшти дека нејзините специјалисти можат дополнително да го модифицираат автомобилот за конкретни полициски потреби и единици.
Како врв на понудата меѓу верзиите на октавија, РС доаѓа со цела низа системи за безбедност и конектирање.
Иако засега е достапен само бензинецот со 245 коњски сили и ДСГ менувач, се очекува во следните месеци да дебитираат и други верзии на октавија РС. Се очекува верзија на 2,0-литарскиот ТСИ со рачен менувач, потоа 2,0-литарски ТДИ со ДСГ и 200 коњски сили, погон на сите четири тркала, и на крајот и првиот електрифициран РС модел на марката – октавија РС иВ.