Ја поправиле

Новата октавија наводно „по грешка“ се појави на интернет (ФОТО)

Официјалното претставување на сосема новата октавија на Шкода е закажано за 11 ноември, но фотографија која наводно го открива дизајнот на новиот модел веќе се појави онлајн.

Постирана од чешкиот форум Шкода хоум, сликата поприлично личи на официјална фотографија на новата октавија, која наводно била симната од конфигуратор. Доколку ова е навистина новата октавија, на фановите на моделот може да им олесни бидејќи контроверзните поделени предни светла воведени со фејслифтот на актуелната генерација заминуваат во историјата.

Дизајнот е конзистентен со официјалните цртежи објавени од Шкода минатата недела, особено на предниот дел. Меѓутоа, како што обично се случува со дизајнерските цртежи, вистинскиот автомобил изгледа помалку спектакуларно. Во споредба со третата генерација на октавијата, која е во заминување, новата е значително подобрување без да биде револуционерна.

Новата октавија земала некои дизајнерски решенија од подновениот суперб, како и од новата скала, особено предните триаголни светла. Кои сепак подобро изгледаат на новата октавија.

Иако нема фотографија од задниот дел, дизајнот би требало да биде сличен на официјалниот цртеж, барем кога станува збор за обликот на задните светла кои се комбинација од тие на супербот и скалата.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе