„Помалку нормално, повеќе мока“

Новата мока на Опел пристигна во Македонија (ФОТО)

Денес во Скопје беше претставена новата опел мока, по повод нејзиното пристигнување во Македонија.

„Помалку нормално. Повеќе мока“ е слоганот на најновата кампања на Опел.

Поврзувајќи ги модерното и стилот како контраст на традиционалното, новиот модел беше претставен во комбинација на бела боја со црвено-црни елементи кои ги истакнуваат линиите на најновиот модел во гамата на германската марка.

Добивме можност да се запознаеме со новата мока и да се увериме во драстичните промени на овој нов модел. Почнувајќи од платформата врз која е базирана и поставена каросеријата на моделот па сé до внатрешниот ентериер кој доби целосен дигитален пресврт, носејќи го искуството при возењето на ново ниво - дополнително засилено со уникатни комбинации на ткаенини, елементи за декорација и внатрешен покрив што одговара на вашиот стил, порачува Еуроимпекс.

„Секоја линија, од самоуверената силуета на кросовер до силниот графички идентитет, зборува за самодоверба, изразен стил и најнова германска технологија“, истакнува увозникот. „Мока има непогрешливо смел став, возило што се издвојува од толпата со самоувереност и индивидуален стил“.

Како и да гледате на неа, во мока ќе најдете смел избор на дизајн и прогресивни карактеристични акценти. Од погонот па сѐ до задните еко-ЛЕД светла кои хармонично го реплицираат препознатливиот визир.

Мока не наликува на ниеден друг автомобил на патот, а вие можете да го персонализирате вашето индивидуално присуство на патот со вашиот избор на опции за покривот и хаубата, порачуваат од Еуроимпекс.

Новата мока може да се нарача и во електрична верзија.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе