Новата генерација на серија 1 на БМВ доби преден погон (ФОТО+ВИДЕО)

Сосема новата генерација на БМВ серија 1 за првпат доби погон на предните тркала од претставувањето пред 15 години.

 

Германската компанија го поднови надворешниот изглед на третата генерација на серија 1 и таа сега личи на поголемиот модел БМВ икс2. Однапред се истакнуваат зголемената предна маска со карактеристичните „бубрези“ и двете поголеми предни светла поставени дијагонално на „лицето“. На задниот дел има елегантни ЛЕД задни светла и суптилен дифузер и две издувни цевки (на моделот 135и).

БМВ истакнува дека новиот дизајн и формата на серија 1 овозможиле значително зголемување на просторот во кабината. Патниците на задните седишта сега имаат дополнителни 19 милиметри простор за главите, 33 милиметри за нозете и 13 милиметри повеќе во висината на лактите. Новиот модел има 380 литри багажен простор, 20 повеќе од моделот во заминување. Багажниот простор се зголемува до 1.200 литри со спуштање на задната клупа.

Што се однесува до моторите, европските купувачи ќе можат да избираат меѓу три дизел и две бензински варијанти. Основата на дизел понудата е 116д со 116 коњски сили. следуваат 118д и 120д икс-драјв, додека бензинците се 118и и врвот на понудата М135и екс-драјв. Последниот модел ќе има шестцилиндарски мотор со 302 коњски сили и со помош на лонч-контрол ќе забрзува од 0-100 км/ч за 4,8 секунди.

Новата серија 1 ќе има цел куп стандардни или опциски безбедносни системи, вклучувајќи предупредување за судир или пешаци со помош при сопирање, предупредување за застранување од лента со активна помош за враќање, активно одржување на брзината, предупредување за менување лента, предупредување за опасност од заден удар и предупредување за пешачки премин. Дополнително, ќе има и контрола за далечинско паркирање, задна камера и помош при паркирање.

Продажбата во Европа почнува во септември, а цените сѐ уште не се соопштени.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе