Новата електрична панда на Фиат ќе се произведува во Србија

Компанијата Стелантис, во чија сопственост е и италијански Фиат, најави денес дека во фабриката во Крагуевац во Србија ќе инсталира нова платформа за електрични возила чие производство би почнало кон средината на 2024 година.

Како што е соопштено, Србија ќе има голема улога во стратегискиот план на Стелантис до 2030 година, заснован на електрификација на производната гама на сите марки во рамки на автомобилскиот гигант, вклучувајќи го Фиат.

Извршниот директор на Стеантис Карлос Тавареш го соопшти ова за време на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Новиот компактен автомобил на струја, кој допрва треба да биде именуван, ќе се произведува во фабриката во Крагуевац (во која Србија има сопственички удел од 33 отсто), наместо досегашниот модел фиат 500Л.

Се очекува новиот модел кој ќе се произведува во Крагуевац да биде новата генерација на фиат панда, со погон на струја, а ќе биде заснована на концептот фиат чентовенти од 2019 година.

Новата електрична панда ќе биде поголема од актуелниот модел и се очекува да биде во класата на субкомпактните модели на Стелантис групацијата како пежо е-208 и опел корса-е.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе