Наместо во Женева

Новата Е-класа на Мерцедес блесна на интернет (ФОТО+ВИДЕО)

Мерцедес-бенц ги објави фотографиите и техничките детали на подновената Е-класа.

 

Германската компанија планираше раскошна премиера на освежената гама на Е-класата на автомобилскиот саем во Женева, но тоа не се случи поради откажувањето на настанот поради епидемијата на коронавирусот во Европа.

Наместо тоа, Мерцедес го претстави својот подновен модел онлајн.

Рестилизирани се седанот, карвано и нивните спортски АМГ верзии, како и моделот „ол-тереин“.

Фотографиите го прикажуваат модернизиранио, нов изглед на Е-класата. Лимузинската верзија има потенки и поелегантни фарови со целосна ЛЕД технологија во сите пакети на опрема.

Нова е и предната маска, која е стилски усогласена со најновата генерација модели на Мерцедес.

Дизајнерите го доработиле и задниот дел на автомобилот, вклучувајќи ги задните светла, кои сега личат на оние на моделот ЦЛА.

Два екрани од по 12,3 инчи доминираат на инструмент-таблата, а има и нов екран чувствителен на допир на централниот гребен.

Е-класата е подновена и од аспект на безбедноста.

На располагање е систем кој детектира дека возачот ги тргнал рацете од воланот, потоа адапивен темпомат со стоп-гоу функција, системот за автоматско сопирање во случај на опасност итн.

Кога станува збор за моторите, Мерцедес во верзијата Е450 наместо стариот битурбо V6 бензинец стави нов 3,0-литарски „шестак“ со и-кју буст функција. Силата останува непроменета, па Е450 располага со 366 коњски сили и вртежен момент од 500 њутнметри.

Истиот шестцилиндерски мотор го придвижува и редизајнираниот Е53 АМГ, каде испорачува 435 коњски сили.

Основниот Е350, со погон на две и четири тркала, за погон го користи 2,0-литарскиот 4-цилиндерски турбобензинец со 285 коњски сили.

На купувачите на располагање им е и плагин хибридна верзија Е350е, со вкупна комбинирана сила од 318 коњски сили и вртежен момент од 700 њутнметри.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе