Порше Македонија

Новата арона на Сеат го освежува сегментот со поцврст изглед и револуционерен ентериер (ФОТО)

Од претставувањето во 2017 година, сеат арона беше успешен модел, со произведени речиси 400.000 возила и е поставен како клучен столб во понудата на марката. Сега, новата сеат арона е подготвена да го продолжи успехот на овој модел во време кога пазарот на кросоверите уште повеќе се шири.

 

Посилниот, поцврстиот, сигурниот и побезбедниот став и изглед е само почеток; кабината на урбаниот кросовер е комплетно трансформирана додека новите нивоа на поврзување и системи за помош на возачот ја прават новата сеат арона уште покомплетен пакет.

Во сè повеќе дигитализиран свет, сеат арона е подготвена да ги внесе поврзаните животи на клиентите во кабината, на целосно интуитивен начин, додавајќи огромен опсег на функционалност, а во комбинација со револуцијата во дизајнот на внатрешноста, внесува зголемено чувство за квалитет, како и просторност благодарение на новиот, ревидиран дизајнерски јазик.

Додадете ја на ова употребата на технологија за осветлување со што се дополнува амбиентот во кабината и вклучувањето на најновите системи за прикажување на информации, се добива јасно чувство за карактер на автомобилот.

Истакнат дизајн

Надворешниот дизајн на сеат арона еволуира за да го подобри карактерот и да додаде нов пресврт во личноста на урбаниот кросовер: обновената естетика додава нова робусност, поголема перцепција за безбедност и надворешен карактер. Интегрирање на 100 отсто ЛЕД технологија на предните светла како стандард, нуди подобра видливост со помала потрошувачка на енергија.

Новата сеат арона добива посилен изглед; освежен лик со новодизајниран преден браник вклучувајќи нови светла за магла - нагласувајќи го моќниот изглед, нов заден спојлер и дифузер го истакнуваат спортското чувство, додека изборот на нови дизајни на алуминиумски тркала и името на моделот со рачно испишан фонт на задниот дел заедно со новото лого на Сеат во двобојна хромирана завршница го заокружуваат освежениот изглед.

Револуционерна внатрешност

Во внатрешноста, дизајнерската револуција генерира ново чувство во кабината. Целосно нова мека контролна табла со поголем (за 20отсто), лебдечки централен инфозабавен систем - сега сместен во покачена положба за подобрување на ергономијата - како и новиот, ергономски мултифункционален волан го истакнуваат новиот дизајнерски јазик во внатрешноста со што се заживува кабината додавајќи нов слој на нејзиниот карактер. Тој карактер е дополнително зајакнат со употреба на технологија за осветлување на новодизајнираните отвори за климатизирање.

Поврзани со модерниот живот

Сеат арона е целосно вмрежена со внатрешна и надворешна конективност: вклучува систем за бежична, целосна врска што ги внесува Андроид ауто и Кар плеј во кабината; поврзувањето надвор од автомобилот е подобрено со Сеат конект. Корисниците можат да комуницираат со новиот инфозабавен систем од 9,2 инчи користејќи природен говор преку кажување на фразата „Ола ола“.

Врвна безбедност

Новите системи за помош на возачот обезбедуваат полуавтоматско возење низ целиот опсег на брзината. Системот за одржување во лента, заедно со страничната помош, системот за препознавање сообраќајни знаци и системот за регулирање на свелтата, новата арона e опременa со најновите технологии во поглед на безбедносните системи. Без да се изостави системот за помош при паркирање, кој автоматски го паркира автомобилот без напор.

Создадена во Барселона

Освежената сеат арона е 100 отсто создаден во Барселона: дизајнирана, развиена и произведена во Барселона во производниот погон во Марторел.

Погледнете ја новата арона во вашиот најблизок салон на Сеат.

Порше Македонија

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе