Концепти

Носталгија на четири тркала – враќање на легендарното „баги“ на Фолксваген (ФОТО+ВИДЕО)

Фолксваген на автомобилскиот саем во Женева претстави модерна инкарнација на легендарното рекреативно возило кое стана популарно пред половина век.

 

За разлика од оригиналниот модел, кој имаше класичен мотор со внатрешно согорување, современата верзија, наречена ИД баги, има погон на струја.

Концептот фолксваген ИД баги со својот дизајн поприлично потсетува на „мејерс манкс“ багито од 1960-тите години.

Како што и се очекува од „теренско“ возило од овој тип, модерното баги има гуми БФ Гудриџ за возење надвор од асфалтот и заштитна рамка која штити во случај на превртување, додека растојанието од тлото е 238 милиметри.

Волфксваген концептот го дизајнирале така што каросеријата може лесно да се отстрани и да се отвори простори за разно-разни надградби во зависност од желбите и потребите на корисниците.

Материјалите во кабината се водоотпорни, бидејќи ИД баги нема покрив, врати и странични прозорци, па е изложен на временските услови.

Покрај двете места за седење, возачкото и совозачкото, одзади има и мал дел за оставање предмети.

Како и другите концепти на струја од Волфсбург од ИД семејството и баги е поставен на механичката платформа ем-и-би развиена за моделите со електричен погон.

За чување на електричната енергија се користат литиум-ионски батерии со капацитет од 62 киловат-часови, кои го напојуваат со струја електромоторот со 204 коњски сили.

ИД баги од 0-100 км/ч забрзува за 7,2 секунди, а максималната брзина е ограничена на 160 км/ч.

Фолксваген тврди дека според новиот мерен циклус ВЛТП автомобилот може да помине 250 километри со едно полнење.

Концептот има само погон на задните тркала, но германскиот произведувач најави можност за вградување уште еден електромотор на предната оска, со што би се добил погон на сите четири тркала, а вкупната комбинирана сила би изнесувала 408 коњски сили.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе