Со електрифицирани мотори

Нисан го претстави европскиот икс-трејл (ФОТО+ВИДЕО)

Четвртата генерација на нисан икс-трејл конечно пристигна во Европа, повеќе од две години по дебито на неговиот американски брат роуг. Кросоверот во Европа е достапен само во електрифицирана форма, а понудата е составена од хибридни и мајлд хибридни бензински мотори.

 

Нисан икс-трејл во Европа ќе се нуди со три различни нивоа на моќност. Основниот модел доаѓа со турбобензински 1,5-литарски мотор, со мајлд хибрид технологија за помали емисии. Комбинацијата дава 161 коњска сила и 300 њутнметри вртежен момент, а силата се испраќа само на предната оска. 12-волнтиот мајлд хибрид систем ја чува струјата во литиум-јонска батерија, додавајќи 6 њутнметри на вртежниот момент кога тоа е потребно. Овој модел забрзува од 0-100 км/ч за 9,6 секунди и има максимална брзина од 200 км/ч.

Оние што бараат нешто помоќно можат да го одберат самополнечкиот хибрид, кој доаѓа со погон на 2 или 4 тркала. Тука 1,5-литарскиот турбобензинец не е поврзан со тркалата, туку има улога на генератор за електромоторот. Комбинираната моќност е 201 коњска сила, што значи 8 секунди до 100-ка и максимална брзина од 170 км/ч.

Во моделот со погон на сите тркала, моќноста е малку поголема до 211 коњски сили благодарение на дополнителниот електромотор на задната оска (126 коњски сили). Ова значи спринт до 100 км/ч за 7 секунди и максимална брзина од 180 км/ч. Она што е поважно е што е-форс технологијата на Нисан ја контролира дистрибуцијата на вртежниот момент и сопирањето за секое тркало, работејќи побрзо од механички 4х4 систем и овозможувајќи дополнителен контакт со подлогата.

Нисан икс-трејл доаѓа во Европа како врв на понудата на јапонската компанија на континентот. Ќе се соочи со рав4 на Тојота, субару форестер, тигуан олспејс на Фолксваген, шкода кодијак и пежо 5008.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе