Нико Розберг и порше тајкан С на Нирбургринг (ВИДЕО)

Порше тајкан турбо С е прилично брз во права линија, како што открија десетици тестови. Но, прилично е агилен и на тркачката патека, во што нè убеди најбрзиот круг поставен на Нирбургринг за електрични автомобили. А сега имаме и нов доказ.

EPA-EFE

Нико Розберг, шампионот на Формула 1 од 2016 добил шанса да го тестира тајкан турбо С на патеката Нирбургринг. Брзината на Роберг на „Зелениот пекол“ била ограничена од влажната подлога, но неговата умешност е импресивна и покрај мокриот асфалт. На крајот на видеото тој дури се обидува да дрифта во некои свиоци на патеката, покажувајќи импресивно ниво на контрола врз автомобилот.

Погонот на тајкан турбо С го даваат два електромотори со максимална сила 751 коњска сила и 1.050 њутнметри вртежен момент. Иако луксузниот автомобил е прилично тежок (2.295 кг), од 0-100 км/ч стигнува за само 2,8 секунди и продолжува до максималната брзина од 260 км/ч.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе