Нико Розберг, шампионот на Формула 1 од 2016 добил шанса да го тестира тајкан турбо С на патеката Нирбургринг. Брзината на Роберг на „Зелениот пекол“ била ограничена од влажната подлога, но неговата умешност е импресивна и покрај мокриот асфалт. На крајот на видеото тој дури се обидува да дрифта во некои свиоци на патеката, покажувајќи импресивно ниво на контрола врз автомобилот.
Погонот на тајкан турбо С го даваат два електромотори со максимална сила 751 коњска сила и 1.050 њутнметри вртежен момент. Иако луксузниот автомобил е прилично тежок (2.295 кг), од 0-100 км/ч стигнува за само 2,8 секунди и продолжува до максималната брзина од 260 км/ч.