Невообичаен офроуд предизвик: џип против тенк (ВИДЕО)

На каналот на Јутјуб на Драјв трајб е објавено видео кое прикажува трка на славниот теренец џип ренглер и тенк (поточно самоодна хаубица) во тешки офроуд услови.

Водителот Мајк Ферни бил зад управувачот на ренглерот рубикон, додека во оклопниот гасеничар се наоѓа легендарниот тркач и водител на автомобилистичката програма Тиф Недел.

Ренглерот инаку има 2,0-литарски мотор со турбополнач кој развива 272 коњски сили, додека рускиот тенк 2С1 „гвоздика“ има дизел мотор од 300 коњски сили.

Необичната двојка се натпреварувала на екстремно лизгава патека со длабока кал користејќи ги предностите и борејќи се со маните, а како завршила трката погледнете во видеото.

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе

Стануваме и општество на меѓунационална недоверба и постојана сомничавост, која не секогаш е без причина.

повеќе

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе