Нема повеќе Рено спорт, спортските модели во иднина под ознаката на Алпин

Францускиот произведувач на автомобили објави дека одделот Рено спорт карс го преминува во Алпин карс, како дел од новите стратегиски планови на Рено групата кои првпат беа најавени во јануари.

Овој потег на компанијата значи дека сите идни спортски модели ќе ја добијат ознаката „Алпин“ наместо додатокот „Р.С.“, кој беше поврзан за некои од најжестоките хечбек модели во изминатите 20 години.

Сепак, истите луѓе кои досега стоеја зад буквите Р.С., ќе бидат одговорни за идните Алпин модели и тоа е добрата вест за љубителите на спортските модели на француската компанија.

А не би требало да разочара ни тоа што Алпин станува целосно електрична марка.

Веќе е најавена соработка со Лотус во изработката на нов спортски автомобил, а се планира и спортска верзија на новиот рено 5 на струја.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе