Линколн континентал од 1963

Некој заинтересиран за репродукција на претседателската лимузина на Кенеди? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ако сте вљубеник во историјата и автомобилски ентузијаст, имате среќа, затоа што на Ибеј се продава линколн континентал од 1963 година.

 

Иако континенталите од тој период се познати по култниот дизајн, овој конкретен модел е преправен да изгледа како 100-икс, претседателската лимузина која ја користеше американскиот претседател Џон Ф. Кенеди за време на фаталната посета на Далас во 1963 година.

Со изглед верен на оригиналот, овој кабриолет има продолжено меѓуоскино растојание, заден браник со скала и истакнати рачки. Автомобилот има и претседателски печати и парадни знаменца. Вниманието на деталите оди дотаму што е наведено дека моделот ги има „правилните раткапни линколн премиер од 1957, кои ги замениле раткапните од втората генерација кои првично биле ставени на 100-икс кога дебитирал во 1961“.

Ентериерот е беспрекорен и е двобоен со украси од дрво. Напред има широка клупа, додека во патничкиот дел има две помошни седишта и уште една голема клупа.

Силата ја дава 7,0-литарски V8 мотор кој е поврзан со трибрзински автоматски менувач со погон на задните тркала. Продавачот тврди дека на автомобилот му се „направени голем број механички и козметички реставрации“ и неодамна учествувал во изложба на претседателски автомобили од целиот свет.

Цената на автомобилот е 125.000 долари (нешто повеќе од 111.000 евра).

Интересно е тоа што овој континентал изгледа многу поавтентично од вистинскиот автомобил кој се чува во Хенри Форд музејот во Диерборн, Мичиген. По атентатот врз Кенеди, станало очигледно дека претседателскиот автомобил во кабриолет изведба е ужасна идеја. Како резултат на тоа, 100 икс бил поприлично модифициран и обложен со блиндирани челични плочи, блиндирано стакло и фиксен покрив.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе