Лада 4х4 вижн

Наследникот на лада нива ќе доцни

Компанијата АвтоВАЗ соопшти дека новиот модел, заснован врз концептот лада 4х4 вижн, ќе остане универзален кросовер со теренски карактеристики и дека нема да биде уште еден во низата моментално популарни урбани кросовери.

Сопственикот на марката Лада, АвтоВАЗ, на големо работи на новиот теренец, но како што изјави директорот на компанијата Фабијан Гулми, дека автомобилот нема да се појави на пазарот уште неколку години.

Како основа за наследникот на застарената, но сѐ уште актуелна лада нива (која сега на некои пазари се продава како 4х4) ќе биде концептот 4х4 вижн прикажан на саемот за автомобили во Москва во 2018.

Концептот ги има карактеристични стилски детали во форма на буквата „Х“, типични за ладите од новата генерација, како моделот веста.

АвтоВАЗ најави дека возилото ќе биде долго 4,2 метри и дека ќе има 5 врати како и завидно растојание од тлото, за да може да се движи по најтешките терени, и од истата причина ќе има и кратки надвиснувања на каросеријата преку предните и задните тркала, а ќе може да совладува остри угорници и удолници при движењето надвор од асфалтот.

Брзините на менувачот ќе бидат приспособени на потребите за бавно возење по тежок терен, а автомобилот ќе има големи тркала.

На сето тоа треба да се додадат современите електронски решенија и системи за помош за автоматизирана оптимална распределба на силата на тркала кои имаат најдобро триење со подлогата.

Сѐ уште актуелната лада нива која се произведува, со незначителни измени, веќе 40-тина години, е достапна во верзии со 3 и 5 врати. Цената на докажаниот теренец во Русија се движи околу 7.000 евра.

Иако е технички прилично застарена, лада 4х4 благодарение на ниската цена и практичноста сѐ уште добро се продава на рускиот пазар. Според податоците на Аутостат, во првите 4 месеци од 2019 се испорачани 10.381 автомобил, односно за 2 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе