Најстариот автомобилски клуб во светот и понатаму не прима жени

Аутомобил клуб де Франс кој настанат во далечната 1896 година со седиште на плоштадот Конкорд во Париз и понатаму се води според принципите од 19 век поради кои се најдоа на удар на јавноста.

EPA-EFE

Луи Десанг, претседател на 126 години старото здружение Аутомобил клуб де Франс, се најде во проблеми уште во 2019.

Карлос Гон тогаш поднесе оставка на местото извршен директор на Рено по неговото апсење во Токио, а потоа таа позиција ја презема Клотилд Делбо како привремена директорка. Францускиот клуб традиционално им нудело почесно членство на шефовите на француските автомобилски компании, но овој пат не можело бидејќи Л’ауто не прима жени меѓу членовите. „Можевме да ѝ дадеме картичка која ѝ ги дава истите права како на сопруга на еден член, но тоа би бил преседан бидејќи досега не сме имале таква ситуација“, изјави Десанг.

За среќа на него и институцијата која е најстара од овој тип во светот, Делбо не остана долго на челото на Рено бидејќи нејзиното место го презема Лука де Мео, кој ќе добие своја членска картичка. И иако Л’ауто не е единствениот исклучиво машки клуб во светот, сепак е меѓу ретките во индустријата каде на многу раководни позиции се токму жени.

Делбо, која не сакала да го коментира клубот, сега е заменик на извршниот директор на Рено. Кај ривалскиот Стелантис, жени се на челото на дури три марки – Пежо, ДС и Крајслер. Произведувачот на гуми Мишелин има четири жени меѓу 11 члена на извршниот одбор, а во САД Мери Бара е на челото на Џенерал моторс.

„Постоењето на овој клуб, кој е заостанат во 19 век, ги понижува сите обиди на автомобилската индустрија повеќе да се отвори за жените“, изјави Елизабет Јанг, која работела во автомобилскиот сектор три децении и која е основач и претседател на здружението Жените и возилата во Европа.

Луи Десанг сепак не се откажува од традицијата. „Ова нема да се смени додека јас сум претседател“, вели 74-годишникот. „Знам дека три четвртини од нашите околу 2.000 членови не ја сакаат оваа промена, а јас сум премногу демократски настроен за да наметнувам нешто што тие не сакаат. Имаме други прилики да ги запознаеме жените во Париз“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе