Најскапите автомобили на Порше досега (ВИДЕО)

Порше се врати со омилениот формат на видеа на интернет со нови најдобри 5, овојпат одбројувајќи ги петте најскапи автомобили во својата историја.

Новата сезона на топ 5 на Порше почнува со „кралското семејство“ од Штутгарт бидејќи нѐ почестија не само со некои од најскапите поршиња на сите времиња, туку и со некои од најдобрите.

Автомобили како порше 550А спајдер, кој стана „бесмртен“ кога Џејмс Дин го загуби животот во несреќа со својот примерок наречен „Малото копиле“, или фасцинантниот 911 ГТ1, произведен во само 20 „цивилни“ примероци за да се хомологизира тркачкиот модел.

Порше навистина си ја работи работата кога станува збор за создавање автомобили со култен статус, а тука се и некои од најуспешните тркачки автомобили во историјата на мотоспортот.

Како на пример порше 956, тркач од Групата Ц кој неприкосновено го држеше рекордот за најбрз круг на Нирбургринг цели 35 години. Со боксер мотор со шест цилиндри и турбина, ова чудовиште од автомобил има 600 коњски сили со кои возеше над 350 км/ч на 24 часа Ле Ман.

Погледнете кои модели успеаја да влезат на листата...

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе