Иако почетната цена на кадилак селестик, кој главно се изработува рачно, е дури 300.000 долари, сите го сакаат токму овој модел.
А имаат за чекање, бидејќи првите испораки почнуваат дури за една година, а листата на чекање веќе е над 18 месеци. Ова го откри Тони Рима, главниот инженер на проектот Селестик.
„Многумина веќе кренаа рака, многу повеќе отколку што ќе можеме да произведеме во првата година или во првите 18 месеци“, кажа Рома.