Тјунинг

Најниската лада нива во светот е бизарна ама прејака (ВИДЕО)

Лада нива е најверојатно последниот руски автомобил кој би требало да биде спуштан, но токму тоа го направиле некои луди момци.

Мора да се истакне дека не станува збор за стандарден кит за приближување на автомобилот кон подлогата, хидраулична амортизација и светкави тркала бутнати под проширените отвори. Не, оваа лада нива (која сега во Русија се продава како лада 4х4) е најниската нива во светот, како што гордо ја опишуваат нејзините создавачи.

Илинг шоу е канал на Јутјуб кој документира создавање оригинални возила од запуштени автомоили и основата на последниот проект е легендарниот советски теренец. Како што може да видите во видеото, голем труд е вложен во трансформацијата на нивата во „лоурајдер“ кој е речиси залепен за подлогата.

Голем дел од ладата морал да биде исечен и тркала биле бутнати повнатре во каросеријата, па задните тркала сега се таму каде што треба да седат патниците. Што се однесува до предните тркала, тие сега пробиваат низ хаубата.

И поголемиот дел од мотор сега е над хаубата, како кај хот-род. Други очигледни модификации се отстранувањето на сите стакла (вклучувајќи ја шофершајбната), и додавањето издув на предното десно крило.

Кој знае руски, може да дознае повеќе за модификациите на бизарната, но одлична лада нива.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе