Станува збор за најсилниот плагин хибриден модел на Пежо, а на купувачите им се нудат две каросериски изведби – седан и карван.
Пежо 508 ПСЕ силата ја влече од четирицилиндерски 1,6-литарски турбо бензинец на кој му помагаат два електромотори.
Бензинскиот мотор произведува 200 коњски сили, а вкупната сила на хибридниот систем изнесува 360 коњски сили, со максимален вртежен момент од 500 њутнметри.
Силата се пренесува до тркала со 8-брзински автоматски менувач, а седанот и карванот од 0-100 км/ч забрзуваат за 5,2 секунди.
Максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч, односно на 135 километри на час ако 508 ПСЕ се вози само на струја.
Електричната енергија се чува во батерија со капацитет од 11,5 киловат часови, а во чисто електричен режим автомобилот може да помине до 42 километри.
Пежо 508 ПСЕ во продажните салони пристигнува во првата половина на 2021 година, а цената ќе се знае накнадно.