Ауди С6 плус од 1996

Најмоќниот ауди А6 од првата генерација имаше V8 мотор (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во 1997 година, Ауди ја пензионираше Ц4 генерацијата на А6, по само четири години производство, но не пред да го претстави најжестокиот модел на серијата, С6 плус.

 

Произведен во последните две години, од фабричките ленти се симнаа 952 примероци, вклучувајќи 855 авант (карвани) и 97 седани. Ограничениот број на произведени примероци го направи вистинска автомобилска реткост, особено во седан верзијата, но тоа не беше единствениот позитивен момент.

Требаше да ја отворите хаубата за да ја видите вистинската јаготка на шлагот, 4,2-литарскиот V8 со две брегасти оски и 32 вентили, кој го замени 2,2-литарскиот петцилиндерски мотор на стандардната С6-ка. Моторот даваше 322 коњски сили, 95 повеќе од помалиот, а за спринт од 0 до 100 км/ч му беа потребни 5,6 секунди (5,7 секунди за авантот).

Други додатоци беа шестбрзинскиот рачен менувач, подобрената суспензија и поголемите сопирачки, во комбинација со алкантара кожа, електрично нагодливи предни седишта со меморија, електричен сончев покрив и интегриран телефон.

24 години стариот С6 плус од фотографиите му бил подарен на шпанскиот весник Ел мундо, во замена за рекламен простор, а подоцна му бил подарен на маркизот од Антеја.

Сегашниот сопственик го продава, а аукциската куѓа Сотби проценува дека вреди меѓу 40.000 и 60.000 евра. Ќе биде понуден на 3 јуни на аукција во Есен, Германија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе