Автомобилот оригинално бил направен за уривање брзински рекорди, а имал и соодветна СМ приколка за транспорт. За жал, не се знае што се случило со приколката. Уникатниот ситроен е направен од американскиот механичар Џери Хатавеј и по неколкуте обиди во 1980-тите, најголемата брзина со него всушност ја постигнала неговата сопруга Силвија.
Наместо оригиналниот V6 на Масерати кој имал помалку од 200 коњски сили, овој СМ има прилагодена верзија со два турбополначи и 537 коњски сили. Со брзината од 325 км/ч постигната на Солените рамнини во Боневил, САД, овој СМ важи не само за најбрз примерок на овој модел, туку и за најбрз ситроен во светот.
Можете детално да го разгледате автомобилот во видеото.