Најавен подновениот шкода суперб, ќе дебитира подоцна месецов (ФОТО)

Повеќе од четири години по претставувањето на третата генерација, Шкода се подготвува да го освежи супербот. Претставувањето, најавено за време на Светскиот шампионат во хокеј во Братислава, Словачка подоцна месецов, е најавено со тизер кој открива дел од визуелните измени.

На предниот дел сменети се светлата и долниот дел од браникот, додека задржан е карактеристичниот изглед на решетката. На задниот дел, автомобилот ќе добие ознака „SUPERB“ преку целата ширина на багажникот, наместо вообичаеното лого, подновени ЛЕД светла поврзани со лента, која може да биде хромирана или светлосна.

Во внатрешноста се очекува да има нови содржини во информациско-забавниот систем, и генерално да се понудат нови нивоа на опрема и подновувања за да се задржи актуелноста на моделот.

За првпат супербот ќе добие електричен хибриден погон. Поеколошката верзија на автомобилот се очекува да ја добие истата комбинација како фолксваген пасат ГТЕ, кој комбинира 1,4-литарски турбобензинец со електромотор за заедничка моќност од 215 коњски сили. германскиот автомобил користи литиум-иаонски батерии од 9,9 киловат часови кои овозможуваат автономија од 50 километри само на струја.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе