На Мини му беа потребни само 60 години за да произведе 10 милиони автомобили (ФОТО)

Мини го прослави производството на своето 10-милионито возило од раѓањето на компанијата пред 60 години.

 

Марката го прослави овој специјален момент во фабриката во Оксфорд, Британија каде што производството на легендарниот модел почна во 1959 година. Соодветно, милионитиот примерок е мини купер С 60 јиарс едишн кој заедно со првото класично мини и уште 60 репрезентативни автомобили на марката се „позираа“ за семејната фотографија.

Секое од 60-те автомобили е од една од производствените години. По фотографирањето, сите автомобили заминале на патување во Бристол на Меѓународната мини средба која се одржа на 11 август.

Околу 5,3 примероци од класичното мини се продадоа до 2000 година, додека останатите 4,7 милиони возила се произведени во ерата на БМВ. Само во 2018 година Мини продале речиси 400.000 возила во 110 земји.

Од ноември 2019 година Мини го почнува новото поглавје во својата историја со производството на мини купер СЕ, првиот масовно произведуван електричен модел на марката.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе