На денешен ден почна производството на „фиќото“

Денес, по повеќе од шест децении од неговото претставување, со многу драго сеќавање, може да се каже дека нема човек од ерата на „фиќото“ кој не го носи во срцето.

Кон средината на 50-тите години на местото генерален директор во Црвена застава Крагуевац доаѓа инженерот Првослав Раковиќ (1914-2003) кој во следните две децении ја создаде најголемата индустриска компанија на Балканот и југословенската автомобилска индустрија од која живееја најмалку неколку стотици илјади работници во поранешна Југославија. Во време кога Југославија беше во немаштија, овој успешен претприемачки визионер и директор на југословенската автоиндустрија во формирање, успеа од Џовани Ањели (1921-2003) да добие одобрување за производство на автомобилите на Фиат под знакот на Црвена застава. Со тоа Застава се приклучи на меѓународната автомобилска индустрија, а извозот на автомобили почна веќе во 1965 година.

Производството на автомобили по лиценца на фиат 600 почна на 18 октомври 1955 година. Првичниот модел беше придвижуван со мотор на Фиат со зафатнина од 633 кубни сантиметри, а набрзо потоа беше претставен и југословенскиот модел застава 750, популарното „фиќо“. Долг 3,295 метри и тежок 605 килограми, придвижуван со бензински 4-цилиндерски мотор ладен со вода и сместен одзади со зафатнина од 767 кубни сантиметри и сила од 25 коњски сили, достигнуваше максимална брзина од 110 км/ч со потрошувачка на гориво од 5,8 до 6,8 литри на 100 километри. Овој мал и симпатичен автомобил многу брзо стана југословенски национален автомобил, а до 18 ноември 1985 година, до кога траеше производството, беше произведен во речиси милион примероци.

Денес, по повеќе од шест децении од неговото претставување, со многу драго сеќавање, може да се каже дека нема човек од ерата на „фиќото“ кој не го носи во срцето.

„Фиќото“ испрати многу генерации возачи почетници, служеше во војската и полицијата, претставуваше задоволство за секој сопственик, а возачите кои со него минаа тркачка школа продолжуваа успешно и на меѓународните натпреварувања во многу посилни автомобили. Официјалните трки во Националната класа до 785 кубни сантиметри почнаа во 1969 година, а имињата на возачите кои настапуваа во оваа класа тешко дека би ги собрало во цела една книга. Овие храбри момчиња кои неуморно итаа по патеките беа нарекувани камикази и гладијатори, а „фиќото“, дотерано и брзо, стана вистинска мала ѕверка. Покрај сè останато „фиќото“ глумеше и во безброј југословенски филмови и серии, а во култниот југословенски филм „Национална класа“, со главниот јунак на приказната Драган Николиќ, стигна и до главната улога.

За време на производството претрпе некои подобрувања на каросеријата, ентериерот и моторот, а во 1980 на Саемот на автомобили во Белград, во истиот облик беше претставен моделот застава 850. По 15 години од прекинот на производството, на Саемот на автомобили во Белград, според изборот на возачите на Србија и Црна Гора, „фиќото“ беше прогласено за автомобил на векот.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе