Мерцедес Ц111/2

Можеби најкултниот концепт на Мерцедес наполни 50 години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Мерцедес-бенц ја слави 50-годишнината од експерименталното возило Ц111/2, кое дебитираше на автомобилскиот саем во Женева во 1970 како дел од плановите на компанијата за потенцијален суперавтомобил.

 

Мерцедес Ц111 предизвика голема сензација кога беше претставен, а компанијата експериментираше со различни мотори во различните верзии на концептот. Во случајот на првите два модели, моќта доаѓаше од Ванкел мотор.

Во веќе легендарната портокалова боја „Weissherbst“, мерцедес Ц111 има клинест облик со врати што се отвораат нагоре (галвинг) па дури и многу простор за својот дизајн со централно поставен мотор и две седишта, благодарение на вториот багажен простор под хаубата.

Ова беше првиот автомобил во светот целосно дизајниран на компјутер, а технологијата му овозможи на Мерцедес да ги пресмета динамичните оптоварувања и да го скрати развојниот период за четири месеци. Моторот со четири ротори подоцна беше заменет со 3,5-литарски V8 мотор додека компанијата продолжи да експериментира со различните типови на мотори.

Иако Мерцедес уште на почетокот беше јасен дека станува збор само за експериментален концепт, богатите купувачи потпишуваа бланко чекови до компанијата за да го купат. Идејата на целиот концепт е за мал спортски автомобил кој со мали модификации би можел да се користи и за рели.

За жал, нафтената криза во 70-тите не му помогна на Ц111 да стигне до производство, но до ден денес останува еден од најинтересните концепти од таа ера.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе