Мерцедес-бенц 300ТЕ

Може ли стар мерцедес со АМГ кит да ви ја разгори страста за карваните? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Нема многу љубители на стари карвани. Но оние кои навистина ги сакаат, нема да може да се воздржат да го ѕирнат овој мерцедес-бенц 300ТЕ кој и покрај тоа што има поминато речиси 250.000 километри, изгледа прилично зачувано.

 

Ова е еден од оние автомобили кои се одвојуваат од толпата и покрај годините и скромната, практична намена. Надворешноста е обоена во сребрена боја и има АМГ кит кој се состои од спортски браници и странични „завеси“.

Од визуелни додатоци има и проѕирни трепкачи, црни предна маска, амблем на хаубата и носачи на покривот. Тркалата се 18-инчни и се исто така обоени во црно, за да одговараат на затемнетите прозорци.

Внатрешноста изгледа беспрекорно. Ставени се кожни електрични седишта од W124 500Е моделот, има дрвени украси и рачка на менувачот, автоматско одржување на брзината и клима-уред.

Под хаубата се наоѓа 3,0-литарскиот М103 мотор, со четирибрзински автоматски менувач.

Единствениот проблем е што автомобилот се продава во САД.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе