Може ли новиот голф ГТИ на Фолксваген да ја поднесе традицијата што ја носи во ознаката (ВИДЕО)

Фолксваген голф ГТИ секогаш бил предводникот во сегментот на жестоките хечбеци и дојде времето да се провери дали новиот модел од осмата генерација е способен да ја преземе палката.

EPA-EFE

Волфсбург ѝ одолеа на војната со коњски сили во сегментот на спортските хечбеци, наместо тоа решавајќи дополнително да го конкретизира новиот голф ГТИ. Може да се каже дека бројките не делуваат импресивно меѓу моменталната понуда на жестоки хечбеци, па најспортскиот голф нуди 245 коњски сили и вртежен момент од 370 њутнметри, добиени од 2,0-литарскиот четирицилиндерски турбобензинец.

Тоа е најновата Ево4 верзија на познатиот ТСИ мотор со ознака ЕА888 како и во претходниот голф ГТИ и доаѓа во комбинација со стандардниот шестбрзински рачен менувач или опцискиот седумбрзински автоматски со двојна спојка.

Новиот голф ГТИ од 0 до 100 км/ч стигнува за 6,3 секунди во комбинација со ДСГ менувачот, и продолжува сѐ до електронски ограничените максимални 250 км/ч.

Во видеото Топ гиар го тестира новиот најбрз голф за да открие дали има жесток хечбек под високотехнолошката надворешност на новиот голф ГТИ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе