Драјвинг експериенс во Серес, Грција

Мотоцентар на исклучително интересен начин ги претстави новите гуми на Џенерал тајр и Континентал (ФОТО+ВИДЕО)

Пред десетина дена ја имавме честа да бидеме гости на Мотоцентар и нивната несекојдневна презентација на новите гуми на марката Џенерал тајр (ГТ). Бевме дел од групата новинари, соработници и членови на тимот на Мотоцентар кои учествуваа во претставувањето на гумите „алтимакс уан“ и „алтимакс уан С“ на тркачката патека во Серес, Грција. Велам учествувавме, затоа што презентацијата не беше стандардно покажување и раскажување, туку ни беше дадена можност да ги провозиме на тркачки автомобили на стандардна тркачка патека.

 

Интересно беше тоа што двата нови типа гуми на ГТ се дизајнирани и наменети за патнички автомобили, а нивната презентација беше прилично храбро направена со спортски автомобили на професионална патека, со сета бруталност што ја носи таквото возење.

„Алтимакс уан има шара со три бразди, со цел да овозможи прецизно управување и безбедно сопирање во суви услови. Во влажни услови, големиот број на тракциски засеци им овозможуваат на возачите подобрена контрола и сигурност при отежнати услови. За време на промотивната фаза, алтимакс уан ќе бидат достапни во 12 големини за тркала почнувајќи од 15 инчи, вклучувајќи ги и приклучоците за популарните компактни модели како што е фолксваген поло“, се вели во соопштението на Мотоцентар.

„Алтимакс уан С има шара со четири бразди, дизајнирана да одговара на големини наменети за возила со повисоки перформанси, за да се обезбеди подобрено распрснување на водата при поголеми брзини, што им дава дополнителна безбедност на возачите на секој свиок.

Овие гуми се одобрени за брзини до 300 км/ч, нудејќи целосна сигурност и безбедно возење во кривини и при побрзо возење“, се додава во соопштението на генералниот застапник на Џенерал тајр кај нас.

Новите автомобилски гуми на американската марка која сега е под капата на Континентал ги претстави господинот Матијас Барц, генерален менаџер на ГТ за развој на бизнисот во Европа, Блискиот Исток и Африка.

„Ова е возбудлива промоција за Џенерал тајр во Грција. Нашите најнови гуми за патнички возила нудат целосна сигурност во секојдневните авантури. Промовирањето на нашите алтимакс уан и алтимакс уан С на патеката во Серес е одлична можност за гостите да ја доживеат од прва рака импресивната изведба на Altimax One и Altimax One S“, кажа тој.

На патеката во Грција бевме почестени и во неколку кругови да ги почувствуваме можностите на новите спортски гуми на Континентал, спорт контакт 6, и тоа, ни помалку ни повеќе, монтирани на порше 911 ГТ3. Нормално дека не бевме ние зад воланот, а специјално изненадување на промоцијата на Мотоцентар беше нашиот шампион Игор Стефановски Иџе, кој го „збрчи“ поршето со „континенталките“ по патеката.

Промоцијата на Мотоцентар на новите гуми на Џенерал тајр и Континентал беше навистина одлична, исклучителна можност од прва рака да се запознаеме со нивните можности, да се издружиме и да го пренесеме целото доживување.

А впечатокот е дека новите гуми на Џенерал тајр, алтимакс уан и уан С пркосно го издржаа нашето малтретирање на патеката, што значи дека со натпросечните перформанси во реални услови на возење претставуваат одличен избор и нудат многу за вложеното. Треба да се имаат предвид при следното бирање нови гуми.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе