Моќниот ферари СФ90 страдале оживува со помош на врвни мајстори (и роботи) (ВИДЕО)

Пред Ферари да почне со доставувањето на новиот моќен модел, на Јутјуб постираа видео кое покажува како се произведува овој суперавтомобил.

Како и во многу други фабрики, СФ90 страдале се склопува со комбинација од напредни роботи и многу стручни работници. Човечката рака има позначајна улога во производството на овој автомобил, па затоа СФ90 страдале и чини повеќе од другите.

На пример, оските се заваруваат рачно, а не со помош на роботи, исто како и боењето, бидејќи секој слој се нанесува рачно, а роботите ја одработуваат само „последната рака“.

Моќниот ферари СФ90 страдале го придвижува моќен 4,0-литарски твинтурбо V8 мотор во комбинација со три електромотори и сите заедно даваат 986 коњски сили – од 0 до 100 км/ч автомобилот стигнува за 2,5 секунди, па продолжува сѐ до максималните 340 км/ч.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе