Нов брзински рекорд

Модифициран бугати широн „шишна“ 490 км/ч! (ВИДЕО)

Фабрички унапреден бугати широн на тест патека во Германија постигна брзина од дури 490,484 километри на час.

 

Само неколку дена откако Топ гиар објави снимка од возење на сериски широн спорт на тест патеката на Фолксваген Ера-Лесиен, за време на која стрелката на брзиномерот застана на 423 км/ч, од истата патека доаѓа нова брзинска сензација.

Овој пат на патеката се најде модификуван широн спорт кој забрза над 490 км/ч. Зад воланот беше тест возачот Енди Волас, а рекордор официјално го верификуваше германската асоцијација ТИФ.

За да го постигне неверојатниот резултат, Бугати се здружи со експертот за конструкција на суперспортски автомобили – италијанската компанија Далара, и произведувачот на гуми Мишлен.

Како што пишува Топ гиар, трите компании во последните шест месеци интензивно работеле на унапредување на моделот широн спорт за да ја урнат бариерата од 300 милји на час (482,8 км/ч).

Како резултат на нивните напори, автомобилот е продолжен во задниот дел за 25 сантиметри, а извршени се и други аеродинамични модификации вклучувајќи отстранување на адаптивното крило на задниот спојлер од серискиот автомобил и вградување нов, фиксен заден спојлер. Освен тоа, извршени се и промени и на системот за амортизација и издувот.

Совозачкото седиште е извадено од автомобилот, возачот добил дополнителни заштитни елементи како специјално безбедносно седиште и заштитен рол-бар, а извршени се и одредени интервенции на намалувањето на вкупната маса на возилото.

Наместо стандардниот 8.0-литарски W16 мотор на Бугати со 4 турбини и 1.500 коњски сили, кој го погонува стандардниот широн спорт, вграден е оној од суперскапиот бугати чентодиечи кој испорачива 1.600 коњски сили.

Овој специјален широн спорт од фабриката е означен како „единствен прототип речиси спремен за производство“, па рекордот засега не може да се однесува на сериски автомобили.

Во моментов најбрзиот сериски автомобил во светот е кенигзег агера РС кој во 2017 во Невада постигна брзина од 446,97 км/ч. Сепак, тоа не го намалува значењето на фантастичниот резултат на Бугати, а следната брзинска бариера која треба да ја урне е таа од 500 км/ч.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе