Мини го слави 60-от роденден, посилно е од кога било (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Поминаа 60 години од претставувањето на првото мини, односно морис мини-мајнор произведено од Бритиш мотор компани (БМЦ).

 

Автомобилот, кој стана британска и светска икона, беше претставен на јавноста на 26 август 1959 година, и во првата деценија од своето постоеше се продаваше под марките Морис и Остин. Погонот на оригинлниот модел му го даваше четирицилиндерски мотор со само 34 коњски сили. иако тоа денес изгледа смешно, беше сосема доволно за мал автомобил пред шест децении.

Купувачите апсолутно се вљубија во минито и, во 1960, британската компанија претстави и камби варијанта, и набрзо потоа и карван, познати под ознаките морис мини-травелер и остин севен кантримен.

Во 1961 година беше претставен мини пикап,а набрзо следеше и оригиналниот купер, развиен од славниот инженер и произведувач на спортски автомобили Џон Купер. Оригиналниот мини купер беше лимитиран на само 1.000 примероци и дваше 55 коњски сили од зголемениот 1,0-литарски мотор.

Бидејќи купувачите сакаа да уживаат во повеќе моќ, подоцна беше претставен купер С со мотор со 1.071 кубен сантиметар и 70 коњски сили. во 1963 година купер С се појави на интернационалната рели сцена и победи во својата класа на релито Монте Карло. Беше вкупен победник во Монте Карло во 1964, 1965 и 1967 година, неверојатен подвиг имајќи предвид дека беше соочен со многу помоќни машини во едно од најтешките релија од календарот.

Во 1994 година Мини стана дел од БМВ, останувајќи во производство со мали измени. Баварците долго време работеа на наследник и во 2001 година беше претставена сосема новата генерација која успеа да го задржи шармот на оригиналот и покрај сосема новиот дизајн.

 

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе