Мицубиши го претстави новиот аутлендер, го најави новиот дизајнерски израз на компанијата (ФОТО+ВИДЕО)

Новиот мицубиши аутлендер ќе ги подели љубителите на автомобилите, но ретко кој ќе остане рамнодушен на дизајнот на надворешноста, особено на неговиот преден дел.

 

Колку што е појавата на овој модел значајна за Мицубиши, толку е важна и за партнерскиот Нисан, кој е сопственик на 34 отсто од акциите на оваа марка.

Аутлендер ја дели механичката платформа со моделот икс-трејл на Нисан.

Новиот аутлендер е поголем во однос на моделот што го заменува. Мицубиши соопшти дека новиот модел е поширок за 5 сантиметри од претходно, додека меѓуоскиното растојание е зголемено од 2.669 милиметри на 2.705 милиметри.

Новиот аутлендер има 3 реда седишта, па во него вкупно можат да се превезат до 7 патници.

Кога ќе се преклопат седиштата од вториот и третиот ред, се добива багажен простор за превоз долг дури 204 сантиметри, што е за околу 35 сантиметри повеќе од претходникот.

Во внатрешноста се гледа влијанието на Нисан врз дизајнот. Дигиталните екрани се преземени од моделот икс-трејл, како и некои други команди, а тука е и 12,3-инчната дигитална инструмент-табла.

Новиот аутлендер нуди повеќе системи за помош во возењето во рамки на стандардната опрема од претходникот. Всушност, станува збор за преименувана технологија на Нисан.

Меѓу безбедносните системи се истакнуваат адаптивниот темпомат, асистенцијата за одржување на возилото во лента, како и помош на возачот во услови на градско возење, при што автомобилот самиот успорува, сопира и повторно тргнува (ако не стоел подолго од 30 секунди), следејќи го движењето на автомобилот пред себе.

Новиот аутлендер е најпрво претставен за северноамериканскиот пазар, а под хаубата се наоѓа 2,5-литарски бензинец кој е развиен во рамки на Рено-Нисан групацијата. Развива 184 коњски сили на 6.000 вртежи во минута со вртежен момент од 245 њутнметри. Силата се префрла на тркалата преку осумбрзински автоматски ЦВТ менувач.

Новиот мицубиши аутлендер во САД ќе се продава со почетна цена од 25.795 долари, слично како конкурентите нисан икс-трејл (роуг за северноамериканскиот пазар), тојота рав4 и хонда ЦР-В.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе