„Струјата сега доби мерцедес“

Мерцедес влезе во електричната ера со кросоверот и-кју-си (ВИДЕО)

Битката на електрични возила тукушто се разжести откако Мерцедес го престави нестрпливо очекуваниот кросовер и-кју-си во Шведска.

Кросоверот на Мерцедес ќе се натпреварува со претстојниот е-трон на Ауди, а беше најавен со концептот џенерејшн и-кју и серискиот модел му останува прилично веродостоен.

Нормално, кај електричните возила најинтересна е погонската група и и-кју-си има по еден електромотор за секоја оска. Вкупната сила е 402 коњски сили (300 киловати), што му овозможува на кросоверот да забрзува од 0-100 км/ч за 5,1 секунда пред да стигне до максималната брзина од 180 км/ч. Уште поважно е тоа што и-кју-си има пакет од литиум-ионски батерии од 80 киловат часови што му овозможува на автомобилот да помине 450 километри според НЕДС (Новиот европски циклус на возење).

Мерцедес истакнува и дека батериите можат да се наполнат од 10-80 отсто за околу 40 минути со брз полнач.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе