Не е за обичните смртници

Мерцедес вели дека мајбах кросовер концептот може да стане реалност (ФОТО+ВИДЕО)

Спектакуларниот концепт на Мерцедес бенц вижн мајбах лакжери, претставен на автомобилскиот саем во Пекинг минатата година, би можел да стане сериски модел.

 

Очигледно концептот на Мерцедес го привлекол вниманието на доволен број луѓе за да се размисли за сериско производство на неконвенционалниот кросовер.

Ултралуксузниот вижн мајабах е базиран на претходната генерација на ГЛС, но со карактеристики на седан.

Замислен е како електричен автомобил со погон на сите четири тркала преку четири електромотори кои заедно даваат 740 коњски сили.

Меѓутоа, бидејќи новата генерација на ГЛС веќе е забележана со мајбах предна маска , односно дека мерцедес наголема ја тестира АМГ верзијата на ГЛС со „63“ спецификации, јасно е дека е само прашање на време кога и луксузниот кросовер ќе добие зелено светло.

Во меѓувреме, Мерцедес бенц ја исклучи можноста за електрични верзии на ГЛС бидејќи неговата платформа не е дизајнирана за таков вид погон, а и клучниот фактор е што побарувачката не би можела да ги покрие производните трошоци.

Очекуваната цена за вижн мајбах кросоверот е 200.000 евра.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе