Поранешна кинеска државна лимузина

Мерцедес само за вистински комунисти (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ако новиот мерцедес мајбах С-класа е многу модерен за ваш вкус, можеби овој мерцедес 600 пулман од 1965 ќе заврши работа.

 

Во моментов се продава на Ибеј со цена од 285.000 долари (240.000 евра) и, пет децении подоцна, оваа ултралуксузна лимузина сè уште привлекува внимание.

Според продавачот, автомобилот му припаѓал на Чен Ји, кој ѝ се приклучил на Комунистичката партија и се искачувал низ хиерархијата станувајќи градоначалник на Шангај во 1949. Потоа станал и министер за надворешни работи на Кина, а се појавил и на насловната страница на магазинот Тајм во напис со наслов „Непријателот во Азија – министерот за надворешни на црвена Кина Чен Ји“.

Овој статус му овозможил на Чен Ји да има многу специјален автомобил и тој наводно организирал пулманот да биде префрлен од Шангај веднаш откако тој пристигнал во Хонг Конг. За жал, неговото време со автомобилот било кратко бидејќи бил „обвинет за нелојалност“ за време на кинеската културна револуција и автомобилот станал сопственост на Автомобилската индустриска корпорација на Шангај.

Автомобилот бил чуван во магацин, и евентуално бил откриен во 1990 година од страна на германски инженер кој работел во Фолксваген Шангај. Тој го купил автомобилот и го префрлил назад во Германија. Од тогаш мерцедесот неколку пати сменил сопственици, но има само 21.186 километри на инструментите.

Овој примерок, еден од само двата што биле увезени во Народна Република Кина, никогаш не бил реставриран и е во „неверојатна оригинална состојба“. Сепак, пред две години бил префрлен во Мерцедес бенц класик центарот во Калифорнија каде му е направен темелен сервис.

Огласот е слаб на детали, но моделот би требало да го има 6,3 литарскиот V8 мотор со 250 коњски сили. Уште еден интересен детаљ е хидрауличниот систем на автомобилот со помош на кој функционираат мноштво работи, од прозорците до седиштата и багажникот.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе