Мерцедес размислувал да развие 8,0-литарски W18 мотор за С-класата, па се премислил

Мерцедес-бенц има долга и горда историја на создавање на едни од најфасцинантните V12 мотори, но нештата тргнале во малку поразлична насока во 1990-тите кога за малку ќе почнеле да користат W18 мотор. Да, мотор со осумнаесет цилиндри, или два повеќе од бугати широн.

Daimler

Во тоа време Мерцедес ја произведуваше генерацијата W140 на С-класата, и инженерите првично иамле идеја за 8,0-литарски W18 мотор. Моторот се водел под ознаката М 216, но никогаш не ја поминал фазата на нацрт.

За да успејат толку масивен мотор да стават под хаубата на С-класата, инженерите на Мерцедес користеле W форма со три низи од по шест цилиндри поврзани меѓусебно под агол од 75,5 степени. Резултатот бил мотор кој не бил подолг од традиционалните линиски шестцилиндерски мотори и можел да користи голем број делови од шестцилиндерските машини од тоа време.

Во Мерцедес-бенц размислувале да го понудат моторот во две верзии на С-класата, секоја со свои бројки на моќност. Послабата би се водела како 800 СЕЛ, според Аутобилд и би давала 490 коњски сили со вртежен момент од 750 њутнметри. Уште помоќната верзија би имала 680 коњски сили и 800 њутнметри и би била врвот на понудата.

Иако ќе беше фантастично да се види 8,0-литарски W18 мотор во сериски автомобил, шефовите во Мерцедес решиле дека 6,0-литарскиот V12 кој компанијата го развивала во тоа време бил сосема доволен и за големите лимузини и за спортските автомобили.

Легенда под Главна слика

Daimler

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе