Мерцедес подготвува автомобил кој ќе оневозможи судирање (ВИДЕО)

Мерцедес бенц развува нова безбедносна технологија која ќе онебозможи судир на автомобилите.

Технологијата концентрирана на новиот ЕСФ (експериментално безбедносно возило) концептот благодарение на вештачката интелигенција постојано ќе ја унапредува асистенцијата во возењето.

Директорот на развој во Мерцедес Ола Калениус, кој од мај ќе стане генерален директор на групацијата Дајмлер, истакнува дека автономното возење и софистицираните системи за асистенција ќе го намалат бројот на сообраќајни несреќи, бидејќи најчестата причина за нив е човечка грешка.

Калениус додаде дека дел од новата ЕСФ технологија е речиси спремен за производство и дека наскоро ќе се најде во новите автомобили.

Возилото ќе собира податоци од возењето и ќе го споделува со централниот сервер за да „научи“ подобро да го контролира системот за асистенција во возењето. Концептот ќе содржи и технологија за подобра заштита на патниците, па дури и ако се случи несреќа, ќе се избегнат потешки повреди.

Последниот ЕСФ концепт на Мерцедес дебитираше во 2009 година и го користеше тогаш новиот С40 хибрид како почетна точка со еден куп безбедносна технологија.

Металната конструкција се ширеше при судир за да овозможи дополнителна заштита, а при страничен удар седиштата се поместуваа кон средината на возилото.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе