Поради лош квалитет на изработка

Мерцедес од аеродром направи „гробишта“ на нови автомобили (ВИДЕО)

По социјалните мрежи се појавија снимки од 9.000 нови мерцедеси паркирани на 2,5 километри долгата авионска писта на воениот аеродром Алхорн.

Како што јавуваат германските медиуми, станува збор за девет илјади автомобили со вкупна вредност од речиси милијарда евра кои Мерцедес бил принуден да ги остави на оваа локација.

Причината сѐ уште не е целосно јасна, но станува збор за возила произведени во американската фабрика Таскалоса во Алабама кои во производството не ги исполниле стандардите на Мерцедес-бенц.

Шлеперите со месеци ги довезувале новите возила на поранешниот воен аеродром, а површината на која се наоѓаат е добро заштитена и покриена со видео надзор, а во околината има огромни соларни панели.

Истражувањето кое го направиле германски новинари открива дека проблемите со контролата на квалитетот во фабриката во американска Алабама го принудиле Дајмлер на високите трошоци на транспортот и останатата логистика за 9.000 возила произведени во САД да бидат донесени во Европа, односно Германија каде треба да бидат доработени.

Според извештајот на Аутомобилвохе, дури 40.000 нови возила на Мерцедес не можат да бидат испорачани поради проблеми со седиштата и браниците.

На овие „гробишта“ на автомобили најмногу ги има кросовер моделите ГЛЕ и ГЛС, купе возилата од Ц и Е класата. Може да се видат и ЦЛС модели, а особено е интересно што има и модели кои веќе подолго време не се произведуваат, како возилата од МЛ и Р класата.

Дел од германските медиуми побарале објаснување од Мерцедес, а компанијата им кажала дека станува збор за нормални процеси во производството, и дека таквите логистички зони се сосема нормални за привремено складирање.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе