Мерцедес казнет со речиси 900 милиони евра за манипулирање со издувните гасови на дизелашите

Германија го казни Дајмлер, сопственикот на Мерцедес-бенц, со 870 милиони евра за мамење на регулативата за издувните гасови на дизел автомобилите, а автомобилската компанија соопшти дека нема да се жали на одлуката.

Германските обвинители заклучија дека патничката дивизија на Мерцедес-бенц продала околу 648.000 возила кои не биле во согласност со стандардите на емисиите на азотни оксиди.

Компанијата соопшти дека казната нема значително да влијае врз нивната заработка во третиот квартал од годината и додаде: „Дајмлер се воздржува од барање правен лек за постапката на јавните обвинители. Во најдобар интерес на компанијата е да го заврши овој административен процес и целиот овој случај“.

Ова е најновата епизода од сагата која произлезе од Дизелгејт скандалот со Фолксваген.

Германските власти открија дека околу 280.000 модели на Мерцедес од Ц и Е класата биле опремени со софтвер кој ги манипулирал издувните гасови при тестирање. Тоа минатата година предизвика повлекување на околу 700.000 возила минатата година.

Дајмлер е под истрага и од страна на американското министерство за правда.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе